Алијансата за Албанците поднела 74 приговори до Државната изборна комисија во врска со гласањето на парламентарните избори изминатава среда.

Како што објави партискиот лидер, Зијадин Села на Твитер, прелиминарните наводи на ОБСЕ/ОДИХР потврдуваат организирано купување гласови и притисокот врз гласачите од страна на ДУИ на разни избирачки места во Кичево, Сарај и Зајас.

Тој потенцира дека Коалицијата „Сега е време“ забележала многу други случаи на кршење на изборното законодавство и дека тие ги документираат.

Државните институции да ја завршат својата работа и да обезбедат зачувување на волјата на граѓаните, напиша Села, потенцирајќи дека украдените избори нема да бидат прифатени.

До 21 часот вечер е рокот кога може да се поднесе приговор за постапката за гласање, додека до сабота навечер околу 19 часот и 30 минути истекува рокот за сумирање и утврдување на резултатите од предвремените парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.