Алијансата за Албанците бара веднаш и без никакви услови да се ослободи, како што вели, борецот за слобода Тодор Морина, кој беше уапсен вчера во Скопје по барање на Интерпол.

„Владата на РСМ заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Агим Нухиу, продолжуваат да работат според директивите на Белград. Алијансата за Албанците изразува длабока огорченост и се чувствува навредена поради фактот што полицијата на РСМ го уапсила борецот за слобода Томор Морина, државјанин на Република Косово. Патот кон НАТО и ЕУ не се трасира со почитување на обвиненијата покренати лично од крвопиецот Слободан Милошевиќ.

Алијансата за Албанците преку оваа реакција ѝ порачува на владата на РСМ дека соживот и граѓанска благосостојба не може да се постигне со провокации, апсења и монтирани процеси.

„На овој начин постапуваа вашите претходници и доведоа до конфликт во 2001 година. Не фрлајте масло врз огнот“, се наведува во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.