Алијансата на Албанците го поддржува најавениот штрајк на просветните работници и бара одговорност за состојбите во образованието од Демократската унија за интеграција (ДУИ), информира денеска на прес-конференција пратеничката од оваа партија Арта Точи.

Знаеме каква е позицијата на наставниците секоја училишна година со нови штрајкови – единствениот механизам со кој наставниците можат да се служат, истакна Точи.

Како што оцени, одговорноста за позицијата на наставниците е на ДУИ како политичка партија која раководи со Министерството за образование од 2002 година.

Од таа година единствените измени се направени во именувањата на министрите но нема измени во позицијата на наставниците во земјата.Наставниците имаат најниски плати во регионот. Само за пример Албанија со 477 евра за наставник и Косово со 459 евра и Македонија останува со просечна плата од 365 за наставник. Му сугерираме на министерот наместо покачување на платите од 1.000 денари за наставник да ги хармонизира платите со земјите од регионот, рече Точи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.