Алијансата на Албанците на Зијадин Села не ја прифаќа инцијативата на 12те пратеници за една изборна единица бидејки според нив, партиите не можат да постигнат да имаат контрола на изборниот процес на целата територија и се сомневаат дека тоа може вештачки да го крене цензусот онаму каде што нема контрола, пренесува Сител.

Ние размислуваме на нов модел на организирање на избори. Бараме 8 изборни единици согласно регионалната поделба која што постои, со отворени листи. При тоа не сите изборни единици би носеле ист број на пратеници, туку согласно бројот на гласачи во тој регион – рече Зијадин Села, пратеник на Алијансата на Албанците.

За партијата на Села не е прифатлива ни идејата за 3 изборни единици бидејќи тоа нема да донесе никава промена во распоредот на силите.

 Доколку останат 6 изборни единици ние ќе дејствуваме во во две насоки 6 изборни единици со отворени и да се корегираат границите со можност за отстапка на бројот на гласачи од најмала до најголема изборна единица од 1, наместо сегашните 5 отсто – рече Рушити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.