Aлијансата за Албанците е заинтересирана за реални и вистински реформи во правниот систем и дека ова првично треба да се направи со именување на обвинител од земјите на ЕУ кој ќе може да ја врати изгубената доверба во судскиот систем.

-Не треба да се обвинуваат одредени држави во ЕУ поради тоа што не сме добиле датум за преговори бидејќи судбината на членството на земјата во Европската унија е во наши раце и лидершипот треба да сноси одговорност за тоа, се вели во нивното соопштение.

Според нив ова е последен момент е судскиот систем да се реформира, така што судските органи да бидат слободни да осудуваат политичари кои го прекршуваат законот.

– Алијансата за Албанците навреме го алармираше неуспехот на судските реформи и, следствено, недобивањето датум за започнување преговори и ќе ја поддржи секоја иницијатива со која ќе почне спроведувањето на реформите во правосудниот систем. Го повторуваме уште еднаш ставот дека на чело на СЈО треба да биде назначен обвинител од некоја од државите на ЕУ, бидејќи ова е последната шанса за правдата, велат тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.