Престанете да изигрувате жртва. Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива отсекогаш ги има почитувано и вреднувано достоинството и важната улога на жената албанка. Од друга страна, јавноста добро е запознаена кои се тие кои ги имаат обезвреднувано и навредувано албанските мајки и жени. Корупцијата и криминалот не можете да ги затскриете со родовата еднаквост и неоснованата улога на жртва. Вие треба да сносите одговорност за загинатите мајки, татковци и млади луѓе во модуларната болница во Тетово -, реагираат од Алијанса за Албанците на обвинувањата за вмешаност во организирањето на вчерашните насилни протести во Тетово.

Протестот и искажаниот револт, не е организиран од страна на албанската опозиција, од друга страна, присуството на наши членови и симпатизери е чин на граѓанска свест и одговорност и нивното присуство е карактеризирано само како чин, како и на останатите граѓани на Тетово. Ние не сме ДУИ, да фрлиме со камен и да криеме рака. Таквиот чин не е наша политичка особина. Протестите организирани од наша страна отсекогаш биле транспарентни за јавноста, и такви ќе останат и во иднина. Во меѓувреме има информации дека дел од протестантите се повикани на разговор во полициска станица. Ги повикуваме органите за јавен ред и мир, и овој хибриден режим, да престанат со уцените и притисокот врз граѓаните. Причините за инцидентите да ги бараат во нивното политичко делување, начинот на досегашното владеење, честите трагедии и присилниот пристап кон искажување протест и револт на граѓаните, велат од партијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.