Oд Алијансата за Албанците ја поздравуваат одлуката на Обвинителството да го расветли и до крај да го истражи случајот „Рекет”, носејќи ги на обвинителска клупа сите инволвирани во случајот вклучувајќи ја и Катица Јанева.

Апелираме до надлежните правни институции да ги истражат сите случаи во кој се инволвирани функционери на ДУИ, почнувајќи од случајот „Маѓар телеком”, „Титаник 3″ „Пациент” како и случајот со злоупотреби во Пензиско-инвалидскиот Фонд. Ако сакаме да имаме целосна правда, таа не треба да биде селективна и да важи само за еден дел од режимот, туку треба да биде бескомпромисно и да ги опфати сите без исклучок, соопшти Алијанса за Албанците.

Денеска е уапсена специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева за случајот „Рекет“. Таа се сомничи дека ја злоупотребила службената положба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.