На 14 ноември 2019 година, на Општина Гостивар и се вратија одземените ингеренции во образованието. Овие надлежности и беа одземени по втор пат, БЕСПРАВНО, во делот на именување и разрешување на директорите. Нагласуваме БЕСПРАВО бидејќи, како што знаете, тоа го потврди и Управниот суд кој ја уважи жалбата на Општина Гостивар. Во деветмесечниот период, без никаква правна основа, Министерството за образование и наука ги назначи истите директори – партиски војници на ДУИ, кои го деградираат образованието во општина Гостивар веќе 17 години и ги доведоа до експериментално ниво нашите ученици. Но, тоа ова не беше доволно за Министерството за образование и наука. МОН продолжи да постапува против волјата на вработените во образованието и на нивна штета, на штета на граѓаните на Гостивар, со посебен акцент на штета на учениците. Традиционално, огласите за вработување се отвораат на крајот на првото полугодие, тогаш кога изборот на работници не влијае врз квалитетот на образовниот процес од  периодот кога со Општина Гостивар управува градоначалник од редовите на  Алијансата за Албанците – г. Арбен Таравари, но МОН веќе две години отвора конкурси на сред полугодие, односно непосредно пред да му се вратат надлежности во образованието на општината и на градоначалникот на Гостивар. Покрај тоа што негативно влијае врз учениците промената на наставниот кадар, ова се прави и со цел да се вработуваат партиски активисти на ДУИ, обидувајќи се на овој начин да ги држат како заложници и како гласачко тело оние кои ги вработуваат.

Во периодот додека на Општина Гостивар и без одземени надлежности во образованието, Министерството за образование и наука оригиналните документи на своите назначени директори им ги доставуваше в’рака а на Општината и доставуваше копии. Ова претставува занемарување на институцијата Општина, бидејќи одземањето на надлежности се однесува само во делот на именување директори, додека во кој било друг процес поврзан со основното и средното образование, според Законот за локална самоуправа, надлежна е Општината, а не партиските директори.

Покрај небрежноста, во гостиварските основни и средни училишта, во тој период сторени се многу злоупотреби и дејствија спротивно на законите на Република Северна Македонија:

Во техничкото средно училиште во Гостивар се вработиле 17 партиски активисти кои се несоодветни за работата за којашто се ангажирани. Ова го потврдува и Државниот инспекторат за образование и се надеваме дека и други вакви случаи ќе бидат наскоро утврдени и ќе се бара одговорност.

Конкретен случај во ова училиште е отпуштањето од работа на професорката по историја, која била вработена неколку години во истото училиште и која ги исполнува сите законски услови за работа. Таа беше отпуштена под изговор дека не ја доставила потребната документација до Министерството и дека треба да достави дополнителна документација. Дури и да е ова точно, ваквите информации се пренесуваат до Комисијата за трансформирање во рамките на  Општина Гостивар, а не до училиштата. Но, имајте предвид, директорот на ова училиште е сопруг на пратеничката од редовите на ДУИ, па затоа законот му дозволува да постапува и да решава според неговата воља, како локален шериф.

Уште по еклатантен случај којшто докажува дека Министерството за образование и наука не само што не се грижи за училиштата, туку оди уште подалеку и не ги почитува одлуките на колегиумите и на советите на истите училишта.

Досега невиден случај, се појавува во селото Чегране. Во училиштето во Чегране, училишниот колегиум му предложи на училишниот одбор кандидат за директор. Училишниот одбор го одобри предлогот на колегиумот и го достави до Министерството. Министерот – доцент по правни науки, откако побара дополнителни документи, кои му ги обезбеди училиштето, одлучува против волјата на училишниот колегиум и против волјата на училишниот одбор и назначува друг кандидат за в.д.директор. Но, пазете, лицето кое е назначено за в.д. директор, сосема „случајно“ е претседател на огранокот на ДУИ во Чегране.

За сите злоупотреби, манипулации, навреди и понижувања во времето на одземени ингеренции, Алијансата за Албанците во Гостивар, бара од Министерството за образование и наука и од Министерството за финансии да сносат одговорност и да дадат отчет за она што го прават во име на Општина Гостивар.

Алијансата за Албанците во Гостивар бара Државниот просветен инспекторат да ја извршува својата должност согласно законот, а не врз основа на партиски упатства и притисоци, да ги утврди и открие сите злоупотреби и малверзации направени во училиштата на Општина Гостивар.

Алијансата за Албанците бара од премиерот да го искористи своето влијание како прв човек на владата, да ги запре час поскоро  експериментите на штета на албанските ученици во Општина Гостивар. Учениците имаат право на квалитетно образование и не треба да служат за изживување и партиските интереси на ДУИ.

Министерот доцент по правни науки, наместо да се занимава со реалните проблеми во образованието, уредување на училишната инфраструктура, обезбедување наставни материјали за нашите деца, обезбедување подобри услови за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес, тој се зaнимава со одмазда против градоначалникот кој ве декласираше на последните локални избори во Гостивар и која е пример за работење, отчетност и транспарентност во Македонија.

Министерот – доцент по правни науки, нема да се спаси од одговорноста за сите овие незаконски одлуки на штета на албанските ученици и на штета на граѓаните на општина Гостивар.

Токму овие граѓани, како што ве казнија на последните локални избори, ќе знаат да ве казнат уште повеќе на следните парламентарни избори на 12 април 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.