Од партијата Алијанса за Албанците вечерва испратија соопштение во врска со огнената стихија која го зафати градот Кочани.

Тие велат дека се загрижени од критичната состојба со пожарите во кочанскиот регион, и изразуваат солидарност со жителите, пожарникарите и сите екипи кои се ангажирани во борбата против пожарите.

„Ги повикуваме институциите, но и граѓаните и приватните компании кои имаат соодветна механизација и алатки да придонесат во спасувачката акција. Овие се ситуации кога сите ние треба да покажеме солидарност и да се посветиме на спречување на поголеми трагедии.

Алијанса за Албанците ги повикува граѓаните во сите области на земјата, особено тие на кои што им се заканува постојана опасност, да го зголемат нивото на претпазливост. Ја повикуваме Владата и институциите исто така да бидат претпазливи и поодговорни во справувањето и спречувањето на ризиците од пожарите“, се истакнува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.