Следејќи го темпото на вакцинација на населението во Македонија и споредувајќи го тоа со европските земји, дури и оние од регионот, не може а да не бидеме загрижени за тоа што се случува во нашата земја. Стануваме прва земја со највисока стапка на смртност во Европа, а последна за вакцинирање.
Според еден извор на Блумберг, кој ја претставува анализата на тековната вакцинација на населението за поединечни земји, јасно е дека со ова темпо како што започна, Македонија заостанува далеку од земјите од регионот, дури ако се земе во предвид претходната фаза и тоа што следува, излегува дека за целосна имунизација на населението во нашата земја ќе мора да почекаме уште цели 10 години.
Од друга страна, трагикомедијата продолжува. Пред не повеќе од десет дена, вицепремиерот Артан Груби се пофали во една емисија дека во било кое време може да обезбеди до 5 милиони вакцини, можеби не знаејќи кое е точното значење на таа бројка. Да не беше трагедијата, бидејќи бројот на смртни случаи се зголемува секој ден, изјавите на експонентите на ДУИ ќе беа комедија.
Останувајќи на милост и немилост на судбината, значи без никаква поддршка од Владата, граѓаните почнаа да се борат кој како знае и умее против пандемијата Ковид 19: некој оди во Србија за вакцинација, а некој во Албанија.
Ова е причината зошто коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА ги смета за одговорни раководните лица на Министерството за здравство, министерот Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, кои се најодговорните лица за овој неуспех и оваа трагедија на смртни случаи и инфекции во РСМ. Затоа, оставката би била најмалиот чекор што тие би можеле да го понудат, барем морално да се надеваат на оправдување.
За крај, повторуваме дека нам како држава ни треба гаранција дека Македонија ќе обезбеди вакцини за целото население, така што имунизацијата на целото население ќе се изврши што побргу. Во спротивно, иако не би сакале да се случи најмрачното сценарио, но фактите покажуваат дека иднината може да биде со уште поголема човечка и материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.