Алијанса за Албанците повика на протести против градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и ДУИ бидејќи во градот под Шара не се зборува за неизградени театар или библиотека, за градење на кино или градинка, за унапредување и развој, туку за преживување, чист воздух, вода за пиење, јавна хигиена.

За време на овие осум години, Тетово има средновековни проблеми: полно е со диви депонии, загаден воздух, недостаток на инфраструктура. И најскандалозно, нема вода за пиење, но има поплави што им го одземаат животот на луѓето и ги уништуваат нивните домови. Секој апел што досега беше упатен до Општината или Владата за овие проблеми е веќе залуден. Незаинтересираноста на Општината и Владата кон проблемите на граѓаните ја надминаа секоја точка на трпеливост на граѓаните на Тетово – велат од Алијанса за Албанците.

Партијата упати апел до граѓаните преку протести и активизам, да се ослободат од тие кои им го ускратуваат правото на живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.