Алијансата за Албанците ја поздравува препораката на Европската комисија за отворање преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, притоа потенцирајќи дека тоа не претставува голем напредок кој што треба да се слави од страна на владејачката коалиција СДСМ-ДУИ.

Прво, како што е наведено во извештајот за напредок 2019 година, Европската комисија од 2009 година постојано му препорачува на Советот на ЕУ започнување преговори со Северна Македонија. И второ, независно од мошне позитивниот тон, Извештајот за напредок 2019 не покажа конкретни резултати за условите утврдени во заклучоците на Советот од јуни 2018 година.

Потфрлувањето на власта СДСМ-ДУИ за обезбедување конкретни реформи и враќање на довербата во државните институции беше двапати санкционирана од страна на граѓаните на Северна Македонија, еднаш на референдумот од 30 септември 2018, а потоа повторно во првиот круг од претседателските избори на 21 април 2019.

Сега постои реален ризик неактивноста на владата да биде санкционирана од лидерите на ЕУ во контекст на пораст на чувствата против проширувањето во земјите-членки на ЕУ што ја објасни одлуката на ЕК за одложување на објавувањето на пакетот за проширување до после европските избори.

Потфрлувањето на власта СДСМ-ДУИ за започнување на преговори летово, треба да го отвори патот за формирање на техничка влада за да ја подготви земјата за предвремени избори, како предуслов за создавање на вистинска реформистичката коалиција која ќе има сила и политичка волја да ја материјализира европската перспектива на Северна Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.