Алијансата за Албанците бара од власта отворање на границите, а на иселениците да им се дозволи влез во Македонија и без резултат од ПЦР тест. Освен тоа, од Алијансата бараат дојденците да не мора да бидат во самоизолација.

Од партијата наведуваат дека земјава е лидер во регионот во однос на бројот на заразени, така што опасноста не ни доаѓа од надвор од нашите иселеници кои доаѓаат од држави каде е веќе добиена ботката со Ковид-19.

Сведоци сме на многу тенденции за да се злоупотребува оваа состојба, но и за да им се нанесе штета на нашите граѓани кои мора да плаќаат стотици евра за нивните семејства за ПЦР тестови кои честопати и не се точни. Итно бараме Владата на следната седница да ги тргне активните мерки за граѓаните кои се враќаат во својата татковина, односно ПЦР тестот и самоизолацијата.-велат од партијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.