Алијанса за Албанците, коалициониот партнер на Алтернатива, објави соопштение за јавноста во кое тврди дека партијата на Африм Гаши најмалку три пати по ред го прекршува договор за коалициона соработка која требала да важи до наредните парламентарни избори, со средбите со премиерот во оставка Зоран Заев, со кого водат преговори за влез во владата.

Минимумот на коректност што го очекуваме од вас е да одговорите дали договорот потпишан меѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива е валиден или не? Ако не, тогаш не ни останува ништо друго освен да ви посакаме успех во вашиот пат, кој за нас е погрешен и во целосна спротивност со вољата што ја изразија граѓаните кои гласаа за коалицијата – велат од партијата на Зијадин Села.

Изразувајќи го разочарувањете што го предизвикала Алтернатива кај опозициските гласачи, од Алијанса порачуваат дека тие им остануваат верни во своето понатамошно политичко дејствување, држејќи ги вратите отворени за сите оние за кои е свет дадениот збор пред граѓаните.

Ја информираме јавноста дека Алијанса за Албанците во иднина добро ќе размисли со кого ќе потпише коалициски договор – се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.