Алијансата за Албанците најави дека ќе ја прекине соработката што досега ја имаа со ВМРО-ДПМЕ, откако од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, доцна синоќа беше разрешен од директорка позиција брат на висок функционер на АА кој учествуваше во вчерашниот вооружен инцидент пред плоштадот „Скендербег“.

Контаминацијата и метастазирањето на Левица во ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на заедничките сценарија на ДУИ и ВМРО како во времето на груевизмот, сега со подршка и на СДСМ, се лесни за читање и неприфатливи за Алијансата за Албанците. Не дозволуваме да бидеме ниту дел, ниту жртва на вакви сценарија. Слично како и другите пати, Албанците и овој пат платија. А поените ги земаат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Враќање на претходните сценарија на ДУИ и ВМРО повеќе нема да дозволува Алијансата за Албанците. Како резултат на последните случувања, ја прекинуваме соработката со ВМРО, не дозволувајќи повеќе да се навредуваат Албанците – изјавија поладнево на прес-конференција во седиштето во Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.