Покрај континуираните измами кон граѓаните, Зоран Заев го лаже и Движењето Беса, како партнер на коалицијата „Можеме“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Новиот закон за лични карти и патни исправи, според последните изјави на премиерот Заев, нема да вклучува графа за етничка припадност. Неговото било целосно техничко и ќе мора да чекаме „тендер“ за нов оператор на биометриски документи! Од кога правото за утврдување на етничка припадност треба да помине на „Тендер“? Каде заглави вашиот заеднички договор и ветување во изборната кампања на коалицијата „МОЖЕМЕ“ кон Албанците, или ова беше следната двојна измама од страна на СДСМ-БЕСА? До кога секое право на Албанците ќе треба да поминува низ вашите тендери, заради финансиска корист? Што се однесува до вашиот коалиционен партнер, Движењето Беса, ги прашуваме која е причината што тие и понатаму се во Владата, кога единственото залагање и оправдување за коалиција под чадорот „МОЖЕМЕ“, беше воведувањето на графата за етничката припадност во личните документи. Затоа, како Алијанса за Албанците, бараме одговорност и отчетност за секој ваш неуспех и измама пред граѓаните, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.