На 28 ноември во 13.30 часот, свечено ќе биде отворена џамијата Али паша во Охрид, соопштуваат од Исламската верска заедница на нивниот фејсбук профил.

На 28 ќе се инаугурира џамијата Али Паша во Охрид

На 28 моември 2019 год , во 13.30 часот, свечено ќе биде отворена џамијата Али паша во Охрид, соопштуваат од секторот за информации на Реисул Улема х. Сулејман еф. Реџепи, Претседател на Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија.

Инаку, џамијата датира од XV-XVI век и се наоѓа во Старата Чаршија на градот Охрид, на патот што води кон езерото, во близина на познатиот чинар.

Ги каниме муслиманските верници да бидат дел од овој свечен настан кога, по долго исчекување, повторно ќе блесне убавата Али Паша Џамија, пишува на фесбук профилот на Исламската верска заедница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.