Сите правни можности ги користи градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш за да ја избегне правдата. Основен суд Скопје 1 по првото рочиште одлучи, со спогодбена одлука да се реши случајот во кој Дудуш, физички нападнал свој некогашен соработник.

Човекот добил телесни повреди по блиската средба со Дудуш за која постои и аудио материјал…

Дудуш вчера требаше да одговара за уште еден физички напад во кој жртва е странски државјанин. Сепак рочиштето беше одложено по барање на обвинетиот градоначалник кој не сакаше да даде изјава без својот бранител, кој пак не беше присутен во судница…

Курто Дудуш на 12 септември во судот изјавил дека задоцнил на рочиштето во кое требаше да се сослушаат странките за случајот со физичкиот напад врз странски државјанин и истото беше одложено, но само недела подоцна, во интервју за Алфа ТВ , тој изјави дека судењето е одложено бидејќи направил смена на адвокатот.

Во обид да се дознае висината вчера Дудуш ненајавен се појавил пред камерите на Алфа и си ја призна вината за аудио материјалите, но на останатите прашања наместо да одговори го сврте грбот и си замина.

Инаку, пред месец дена граѓаните се јавија во редакцијата на Алфа и реагираа дека градоначалникот Курто Дудуш не се појавува на работното место, а тие со денови чекаат на ред за да дојдат до него. Група на граѓани организираа и протести во знак на револт за раскопаните дупки по улиците и катастрофалните услови во кои се наоѓа општината а за кои Курто Дудуш смета дека не се приоритет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.