Фирмата „Вамед“ ги исполнува условите за да го гради новиот клинички центар, тврди Филипче. Само според него, компанијата била од Германија, а не од Австрија, објави телевизија Алфа.

Останаа две компании големи и реномирани. Станува збор за компании од Германија и Франција, француската „Буиг“ и германската „Вамед“ – изјави Филипче.

По информациите во јавноста оти владата фаворизира австриска фирма, за која веќе „испливаа“ сомнежи оти однапред е договорено да го добие тендерот за изградба на Клинички „тежок“ половина милијарда евра, Филипче вели дека во тек се разговори, со оваа и со уште една фирма од Франција, другите што се пријавиле биле дисквалификувани, оти не ги исполнувале условите.

Во делот на обврските што ги има Министерството за здравтсво, заврши првата фаза, со што се евалуираа сите кои што поднесоа документи, па беа диксвалификувани тие што не ги исполнуваа условите. Сега сме непосредно пред втората фаза во која што ќе започне дијалогот со двете компании. Паралелно со ова во рамките на Министерството за финансии траат разговорите и преговорите со финансиерот – изјави Филипче.

Aвстриската фирма „Вамед“ која фунционира нешто повеќе од три децении има чисто портфолио, но „висат“ прашањата како може однапред да се знае кој ќе го добие тендерот и дали има обиди за договори во четири очи, што секако е против законски.

Она што е симптоматично и дополнително фрла сомнеж за однапред договорена работа е и физибилити студијата за новиот Центар, која пак, на добра волја, бесплатно, ја изготви австриската агенција за здравство.

За новиот објект кој треба да „никне“ во Веле Поле, во Ѓорче, Владата ќе земе заем, а граѓаните освен чисти 500 милиони евра ќе треба да враќаат и дополнителни камати и непредвидени трошоци кој ќе ги проголта идниот клинички центар.

По децениските најави и ветувања за изградба на нов Клинички центар, можно е повторно одложување на рокот за почеток на оваа инвестиција, идеја што не ја реализира ни претходната, а засега ни оваа власт.

Ако работите не се движат со моменталната динамика, постои веројатност изборите да ја пролонгираат изградбата, иако Филипче ветува оти сите потребни постапки ќе се завршат предизборно. Останува отворено прашање дали е само ова уште едно ветување што повторно се најавува пред избори.

Извор: Тв Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.