Александар Пандов на својот фејсбук профил напиша:

Манијакалниот изглед на управникот на Шутка, само ја надополнува сликата дека сподобава таму е поставена да ги малтретира, тепа, омаловажува и тортурира политичките прогонувани идеолошки неистомисленици, кој Спасовски и Заев ќе му ги испорачаат! Насмеаниот Манулач, со кретенското тврдење дека антиисточните Мицкоски и Груевски стојат позади вчерашниот обид за линч на двајца екс министри на ВМРО, уште повеќе го потврдува токму спротивното уверувањето кај народот, дека Заев и Спасовски, преку Ѓоко Котевски вчера се обидоа да ги ликвидираат, а најмалку заплашат Спире и Миле. Пораката важи и за секој еден од нас кој се спротиставуваме на оваа фашистичка творба и окупација.

Евентуалното понатамошно немање на слух на обвинителката Рускоска и судот и нивно понатамошно инсистирање да останат Миле и Спире во Шутка, а не барем во домашен притвор, ќе значи дека и таа, а и судот се дел од системот на Заев за политички прогон и ликвидација на опозицијата.

Не би било фер од моја страна да не му пренесем топли поздрави на директоров на Шутка од поголем број негови подстанари. Сите до еден ми викаат дека едвај чекале со него заедно да си шеткаат во дворот, на воздух. За Зоки и Оливер веќе да не зборам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.