Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Александар Николоски, престојува во посета на Париз Франција, каде што ќе оствари бројни средби.

Како Претседател на групата за соработка на Македонија и Франција, Николоски ќе се сретне со Силван Гиоге заменик директор за Европски прашања на МНР на Франција, како и со Бертранд Сор пратеник во Француското Собрание и Претседател на групата за соработка Франција – Македонија.

Во рамки на посетата Александар Николоски ќе учествува во работата на ПС на Совет на Европа на Комисијата за правни прашања и човекови права и Комисијата за демократија и политички систем.

Николоски ќе оствари средби и со француски стопанственици на кои ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија.

На средбите, Николоски ќе ги запознае соговорниците за политичките состојби, резултатите од локалните избори, состојбата со растечката корупција и економската криза како и потребните промени.

Николоски ќе побара Македонија да почне преговори со ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.