Албанските медиуми објавуваат нов скандал во кој се вмешани контраверзни бизнисмени и тајкуни од истокот, поранешниот премиер на Малта, Џозеф Мускат, кој беше симнат од власт поради контраверзиите и поврзаноста на негови луѓе со убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција. Во контраверзиите на Мускат се споменува и доскорешниот македонски премиер Зоран Заев.

Тие пишуваат за постоење на тајни средби во Малта помеѓу малтешкиот премиер Мускат, македонскиот Заев и контраверзниот тајкун Шаукат Али Гафур од Либија со цел влез во Македонија и партнерство со државата во македонското здравство каде ќе мора да влезат милиони евра од македонските осигуреници во приватниот бизнис на Шукат.

Против Шаукат, кој тајно се среќавал со Заев, постои во моментот истрага во Малта за сличен договор за болници поради сомневање за перење на пари и злоупотреба на државни пари.

Имено во времето на владеење на Мускат во Малта отворен е случај за купување на болниците Vitals Global Healthcare (VGH) од страна на компанијата Стујард поврзана со Либиецот Шаукат, договор вреден 7 милијарди евра, и скандалозна продажба за само 1 евро, што во моментот е предмет на истрага во Малта поради сомневање на перење на пари и проневера на државните пари на граѓаните на Малта.

Заев стапува на сцена кога со посредство на Рама се среќава со пријателот на премиерот на Малта Мускат, либискиот контраверзен тајкун Шаукат Али Гафур.

Во 2018 година, Мускат ја посетил Македонија за да се сретне со Зоран Заев кој во тоа време беше премиер, придружуван од официјални лица од компанијата „Стјуард“. Дискусиите биле насочени кон воспоставување на сличен модел на „јавно приватно партнерство“ за Западен Балкан, којшто бил имплементиран, но истиот доживеал неуспех во Малта.

Истата година Заев ја посетил и Малта за тајно да се сретне со Мускат и Гафур за да разговараат за плановите. Состанокот никогаш не бил објавен, но фотографијата што ја имале на увид од порталот „Exit news“, потврдува дека состанокот се случил.

Оставката на Заев донекаде ја искомплицира работата, но со помош на Рама, Гафур се надева дека неговиот план да зграби важен терен на Балканот, и секако пари од даночните обврзници, сепак ќе се реализира. Но, ако Заев не биде реизбран, тогаш оваа добро испробана шема ќе биде загрозена, пишува „Exit news“ во својата објава.

Тоа се однесува и на пари од даночните обврзници во Македонија.Зошто Заев ја криел средбата со Шаукат не е јасно.

Во продолжение интегрално текстот објавен во албанскиот медиум EXIT.

Компанијата „Стјуард Здравствена заштита“ која сака да влезе како Јавен приватен партер во здравството во Албанија, инсистирала за уште повеќе пари од даночните обврзници, по наредба на веќе посрамениот поранешен премиер на Малта, Јозеф Мускат.

Малтешките медиуми објавија дека Мускат, кој поднел оставка по масовните протести, откако тој и членовите на неговиот кабинет биле поврзани со атентатот на новинарот Дафне Каруана Галиција, сега лобира новата влада во Малта да и  даде повеќе пари на компанијата „Стјуард“.

Повеќе за ова на следниот линк.

Мускат, наводно, барал од новиот премиер да го преименува договорот за профитабилни болници што „Стјуард“ го превзел од „Vitals Global Healthcare (VGH) “. Со оваа зделка компанијата потпишала договор вреден 7 милијарди евра, добила пари од даночните обврзници во износ од 51 милиони евра, но истата изјавува дека компанијата е без финансиски средства и е продадена на компанијата „Стујард“ за само 1 евро, додека истите инвеститори и акционери зад двата субјекти станале многу богати со ваквиот потег.

Заев со министерот за здравство, Филипче, во посета на Малта

Договорот и министрите кои беа вклучени во тоа посредување, во моментот се наоѓаат под истрага за перење пари и измама.

Во меѓувреме Шаукат Али Гафур, којшто е познат бизнисменски тајкун, добропознат во Либија и моментално генераен менаџер на „CKG Libya branch“по бројните посети на Албанија на средба со високи владини претставници, сега го свртува вниманието кон Македонија. Премиерот Еди Рама, во соработка со Мускат, му помагана бизнисменот Гафур во преговори со македонската влада дополнително да се оствари сонот на Гафур за „пакет-договор“ со балканските земји, пишува во веста на порталот „Exit news“.

Во 2018 година, Мускат ја посетил Македонија за да се сретне со Зоран Заев кој во тоа време беше премиер, придружуван од официјални лица од компанијата „Стјуард“. Дискусиите биле насочени кон воспоставување на сличен модел на „јавно приватно партнерство“ за Западен Балкан, којшто бил имплементиран, но истиот доживеал неуспех во Малта.

Повеќе на следниот линк

Истата година Заев ја посетил и Малта за тајно да се сретне со Мускат и Гафур за да разговараат за плановите. Состанокот никогаш не бил објавен, но фотографијата што ја имале на увид од порталот „Exit news“, потврдува дека состанокот се случил.

Оставката на Заев е на некој начин уназадување во исполнување на договорот, но со помош на Рама, Гафур се надева дека неговиот план да се фати за Балканот и да добие пари од даночните обврзници во Македонија сепак ќе се оствари. Но, сепак доколку Заев не биде реизбран, иднината на испробаната измама е во опасност да остане нереализирана, пишува „Exit news“ во својата објава.

Во Албанија, Рама зборувал за идејата за ЈПП во здравството, на неодамнешната инаугурација на хируршките установи во Јавната болница „QSUT“ во Тирана. Тој им кажал на присутните дека успешните проекти како овој биле овозможени само заради „моделот на јавно приватно партнерство“.

Рама истакнал дека понатамошните подобрувања во здравствените институции нема да бидат направени со готовина од буџетот или од фондот за земјотреси, туку преку приватни инвестиции.

„Приватниот сектор инвестира пари што државата ги нема во моментот. Оваа програма, овој договор и овој процес не може да се прекине “, рекол тој.

Оваа го изјавува откако владата изнесе Предлог закон со кој се предвидува јавно-приватно партнерство во државниот здравствен систем, како и тоа приватните болници да имаат корист од државното финансирање.

Во членот 23 на Нацрт-законот се вели дека „приватните болници добиваат јавно финансирање преку финансирање на пакети за задолжително здравствено осигурување“, како и „јавно-приватно партнерство“.

Законот бил подготвен откако биле потпишани „комплексна мрежа“ на Меморандуми за разбирање меѓу Албанија и Црна Гора и Црна Гора и компанијата „VGH“, односно во тоа време компанијата „Стјуард“. Во 2016 година, црногорската влада потпишала меморандум за соработка со „VGH“. Гафур потоа отпатувал од Црна Гора во Албанија, за да се сретне со владата и само неколку месеци подоцна беше потпишан Меморандум за соработка меѓу министерствата за здравство на двете земји. Ова, меѓу другото, ќе им овозможи на „организациите кои работат во областа на здравството и во двете земји“ да соработуваат.

За неколку месеци од потпишувањето, компанијата „VGH“, банкротирала во Малта, порталот „The Shift News“ има објавено текстови кои го обелоденуваат корумпираниот договор којшто води директно до врвот на малтешката влада. Концесијата од милијарди евра била купена од компанијата „Стјуард“ за 1 евро и тие веднаш потпишале друг Меморандум за разбирање со Црна Гора, а Меморандумот за разбирање со Албанија останал во сила.

Но, кои се луѓето кои стојат зад договорот?
Шаукат Али Абул Гафур е деловен тајкун кој го направил своето име и богатство во Либија. Пакистански државјанин, којшто купил малтешки пасош и потенцијално други пасоши со цел да му бидат од помош за да може да се движи низ земјите со приватно и под „радарот“. Сопственик на безброј оф-шор компании наменети да добијат исплата од продажба на малтешки концесии, тој претпочита да остане надвор од центарот на вниманието, наместо тоа да го наметнува Шри Рам Тумулури да биде „лицето“ на многуте преговори.

Повеќе на следниот линк


Шри Рам Тумулури кој исто така неколку пати ја посетувал Албанија во последните неколку години има „ѕвездена репутација“. Во Канада, тој е познат по тоа што за само 18 месеци започнал да управува езерски хотел во Британска Колумбија. Претходните соработници го опишуваат како измамник. Исто така, било откриено дека тој основал компании за да примаат исплати од продажбата на „VGH“, на „Стјуард“ и веднаш започнал да ги затвора истите штом станал предмет на истрага во Малта.

Според доверлив извор за деталите од преговорите, албанската влада е спремна да изврши притисок со Гафур и Тумулури, но што ќе се случи во Македонија останува да се види. Едно е сигурно – ако албанскиот здравствен систем падне во рацете на овие „инвеститори“, може да се обложите дека единствените луѓе што ќе имаат корист се оние што стојат во зделката, а не пациентите или даночните обврзници, пишува „Exit news“ во соработка со „The Shift news“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.