Албанските членови на Судскиот Совет излегоа со став спротивен на претседателот на Советот, Кире Здравев. Тие се оградуваат од изјавата на Здравев дека примената на албанскиот јазик во судството ги одолговлекува постапките и тврдат дека тој дал лично мислење кое нема правна основа.

Тоа е лична изјава која не држи ниту од правен аспект, бидејќи кога се покренува едно прашање на ниво на закон, тоа е обврзувачко за сите граѓани. Доколку не се почитува одредбата дадена во законот што е објавен во Службен весник, тогаш има последици. Законот за употреба на јазиците гарантира примена на албански јазик во судска постапка дури и ако само еден член во таа постапка е Албанец, било да е лице кое води записник, сведок или експерт. Непочитувањето на овие одредби е повреда и ја загрозува целата постапка“, изјави Милазим Мустафа, потпреседател на Судскиот совет.

Потпретседателот на Советот, Милазим Мустафа, рече дека процесите се загрозуваат од непримената на албанскиот јазик. Мустафа додава дека примената на албанскиот јазик е заглавена како резултат на судските и извршните институции кои не прават доволно да се примени оваа одредба.

Во сегашните услови, сè уште не е можно ваквото прашање, но има само една година од кога е влезен во сила законот. Досега ниту судовите, ниту други тела не презедоа чекори за спроведување на законот. Недостасува волја за спроведување на овој закон и самото судство ќе ги претрпи последици, рече Мустафа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.