Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе се сретне со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Гент Цакај, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Главни теми на средбата се очекува да бидат соработката меѓу Северна Македонија и Албанија во остварувањето на заедничките стратешки цели за членство во Европската унија, состојбата со билатералните односи и можностите за понатамошната соработка и нивно унапредување, соработката во НАТО, состојбите со актуелната глобална здравствена криза и други прашања од заеднички интерес и значајни за нашиот регион – соопштија од МНР.

За време на официјалната посета, министерот Цакај ќе биде примен и од претседателот на Собранието, премиерот и од други високи претставници на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.