Претседателот на албанскиот парлaмент Грамоз Ручи на средбата со македонскиот амбасадор Данчо Марковски најавил брза ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО од страна на албанскиот законодавен дом.

Првиот можен датум за ратификација е следната седмица, 14 февруари 2019 година, за кога е закажана седница на Собраниет, посочил Ручи, додавајќи дека Владата веќе усвоила одлука за тоа.

Како што стои во веста објавена на веб сајтот на Парламентот, токму ратификацијата на Протоколот од страна на земјите членки на Алијансата, како и добрите пријателски и билатерални односи и унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји, биле тема на средбата.

Ручи истакнал дека и покрај понекогаш поларизираната политичка клима во Албанија, сите политички групи во парламентот изразиле позитивна политичка волја за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.