Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Пресинг Тв зборува за измена на Изборниот законик, изборниот праг од вториот круг од претседателските избори, за поддршката од поддржувачите на Блерим Река, за бојкотирачите и нивните мотиви да не излезат на изборите.

Јас во сите мои изјави се обраќам до сите граѓани, јасно е дека граѓаните со албанска етничка припадност се импозантна бројка како гласачко тело, но исто како и господинот Река се обраќам како на поедници, не низ партиски пазари оти јас не можам да претставувам партија, непартиски кандидат сум. Од друга страна, премиерот со самото тоа што вели дека ќе ги бара, покажува дека тие имаат богато искуство во политички партиски пазари од секаков вид. Но самиот господин Река вели дека гласачите за него се субјект и за мене се субјект не се објект. Ќе им се обраќам, се разбира, ним. Може да чуеме трагикомични изјави дека сум била албанофоб, тоа е далеку од здравиот разум, а не само од реалноста. Албанофобијата е нечовечко однесување. Јас никогаш не сум направила такво нешто во животот, појасни Силјановска.


Целото интервју ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.