Осум нови пожари избувнаа денеска во кумановскиот регион, информираа на прес-конференција надлежните од Центарот за управување со кризи. Зубовце, Сопот, Зебрњак, Лојане, Орашац, Довезенце се само дел од местата каде во моментот гори во Кумановско. Таму се загрозени куќи и други придружни објекти, изјави Марија Милкова, помошник раководител во Сектор за операција и координација при Центарот за управување со кризи.

Осумдесет војници се побарани за пожарите во Куманово и во моментов се одговара. Има изгорено куќи во Сопот и Четирце.

Куманово побара 80 војници и во моментов се одговара, практично се зафатени поголем број села и опоажерни поголем број на куќи, во Четирце и Сопот. Има седум на различни простори невозоможно, изјави Горан Стојановски од ЦУК.

Сите расположливи ресурси се на терен, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за локалниот медиум „Кумановски муабети“.

Екипите на ТППЕ Куманово, Општинскиот штаб за заштита и спасување, тимови од ЈП Чистота и зеленило и сите други расположливи ресурси за гаснење на пожари се на терен заедно со локалното население и волонтерите во борба со огнената стихија, вели Димитриевски.

Повеќе фото на „Кумановски муабети

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.