Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ не запираат со посетите ширум државата. Тие денес беа во посета на повеќе општини.

Во општина Карбинци покрај истоименото населено место беа посетени и Радање и Таринци. Жителите се пожалија дека сегашната власт предводена од СДСМ досега не направи ништо за доброто на жителите, туку само допринесуваат за влошување на ситуацијата во државата, односно како што рекоа тие во оваа општина има се помасовно иселување на младите бидејќи Заев и СДСМ воопшто не направија ниту еден проект за нив.

На посетата во Општина Росоман во населените места Росоман, и Камен Дол, жителите посочија дека власта дека нема никаква стратегија за подобрување на живот и подигање на животниот стандард на граѓаните. Според нив владата на СДСМ секој ден се луксузира и ги задолжува граѓаните, а на сметка на тоа нема отворање на фабрики и нови работни места.

Жителите на овие места воедно кажаа дека власта донесе вистински егзодус за земјоделието, им крати на субвенциите, родот не можат да го продадат и наместо на пазарите приморани се да го фрлаат. Никаде ги нема ветувањата за нови пазари, сигурен пласман, откуп и повисоки цени. Тие велат дека оваа ужасна ситуација повеќе не смее да продолжи и токму затоа СДСМ мора да си замине.

Во општина Теарце, при посетите на населените места Лешок и Доброште раѓаните на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ им посочија дека животот им е се потежок и нема ништо од ветувањата на власта. Велат дека не гледаат никакви инвестиции ниту во здравството, ниту во образованието, ниту пак во инфраструктурата, ниту пак младите својата иднина ја гледаат во својата општина.

Средба со граѓаните имаше и во општината Вевчани. И тука состојбата е иста како и во цела Македонија, Заевизмот и тука го оставил својот траг, младите си заминуваат, нема работа, граѓаните се борат за парче леб. Граѓаните истакнаа дека се разочарани од власта, од бесперспективноста која во моментов владее во државата како резултат на неспособноста и неработењето на власта.

Заклучокот е дека претседателските избори се одлична можност да се казни власта и да се стави крај на нејзините погубни политики, победата на претседателските избори ќе го отворат и патот за предвремени парламентарни избори и промена на власта.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Гила Николов, ги посети граѓаните на Сопиште, граѓаните јасно дадоа до знаење дека се против политиките на СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.