Од студиото на ТВ21 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати апел на 8 декември Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, зашто, како што рече Мицкоски, без да биде тоа Зоран Заев ќе потпише договор со кој ќе не поништи и ќе го уништи македонскиот идентитет.

Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ тоа нема намера да го почитува, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и додаде дека ако Македонија започне преговори во фер атмосфера, без оштетување на македонските национални интереси, се би било поинаку.

Во спротивно историската комисија секогаш ќе ни виси на глава и нашиот источен сосед во секој момент би можел да не врати пак од почеток.

Мицкоски упати критики до Заев затоа што тој не сака да разговара во Македонија со опозицијата и со другите чинители со цел да се игради национален консензус со кој би настапиле против Бугарија, и дека ваквото негово однесување е исклучиво од личен и теснопартиски интерс, а не државен и национален.

Значи ние денеска не можеме да зборуваме, па дури и да отпочнеме преговори за наша европска иднина, затоа што континуирано овој човек четири години ги сегментира нашите позиции, нашите национални позиции, избегнува договор со опозиција, избегнува национален консензус, затворен е помеѓу четворица и се води исклучиво од интерес кој што е личен и во дадена мерка, можеби теснопартиски, а не национален и државен интерес, истакна Мицкоски.

И доколку Заев, додава тој, продолжи понатаму овие позиции да ги бетонира, тој свесно ја бетонира негативно европската иднина на македонската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.