Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност по поразот на предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцвијата на соопштението на СДСМ, во кое владејачката партија повторно го повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да ги повика пратениците да го поддржат барањето на СДСМ за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, се вели дека Уставниот суд ќе создаде пракса, а Пендаровски ќе реализира.

Одлуката на  Уставниот суд е јасен показател дека тој, како и останатото судство, целосно се потчинија на волјата на Заев и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го повикува Заев да престане со притисоци врз судската власт. ВМРО-ДПМНЕ е против амнестии и против аболиции. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи амнестии и аболиции. Доколку Заев продолжи со неговиот план и ги разгневи граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со нив на протести, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.