Илјадници македонски граѓани се вакцинираа против коронавирусот во Србија, а весникот Блиц пишува каде нивниот сертификат го олеснува патувањето, но и каде може да се јават проблеми.

Блиц наведува дека ковид сертификатот од Македонија е прифатен во ЕУ, а за другите земји од регионот, процесот е во тек. Додаваат дека македонскиот сертификат ќе бидат прифатен како и другите во ЕУ, а за другите земји од Западен Балкан процесот трае.

Извесен Славиша за весникот објаснува дека заминал во Франција, но ниту неговиот, ниту баркодот од сертификатот на неговата сопруга не е вчитан, и не се работи за грешка, туку тој не важи во странство.

„Апаратот кој го чита баркодот кој е вакцинира, а кој не, во Париз не може да го вчита нашиот зелен сертификат издаден во Србија. Еве во Париз не можам никаде да влезам, иако имам сертификат за вакцинација. Оваа ситуација доведува во проблеми многу наши државјани. Не можеме да влеземе во продавници, ресторани, метро, апсолутно никаде“, вели тој.

Повеќе на Фактор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.