Со специјалната обвинителка во притвор, нема легитимен правен застапник на судењата по предметите на СЈО, вели во интервју за Алфа еден од бранителите на обвинетите Еленко Миланов. За предавањето на предметите од СЈО Миланов смета дека тоа не е нешто што може да се стори ниту преку ноќ. ниту преку колено. Тој оценува дека тоа воопшто не е едноставна работа. За некој да може да ги предаде тие предмети, потенцира Миланов треба да поднесе записник за примопредавање.

Записникот за примопредавање треба да ги содржи сите матерјали, односно секој поеденечен документ кој што се наоѓа во списите на предпетот на СЈО, да биде предадено на некое друго, дали тоа ќе биде републичкото, ако биде тоа, тогаш не постапува дирекно пред судот, тоа републичко јавно обвинотелство тие документи ќе треба да ги предаде на надлежно јавно обвинителство на она за кое ќе се одлучи кој ќе биде тоа, дали одделението за организиран ктиминал или некој од основнине јавни обвинителства, објасни во интревју за Алфа Миланов.

Запрашан за бомбите поради кои и СЈО беше формирано, Миланов вели дека чистоправно, овие нелегални разговори требало да бидат индиции и во овие предмети и при користењето на СЈО. Без оглед на сето тоа истакнува тој со некои одлуки на апелација тие влегоа како докази во судските постапки, затоа што тоа е надлежност на ова Специјално Јавно Обвинителство.

Со згаснувањето на СЈО или превземањето на предметите во редовно јавно обвинителство, ниту еден редовен јавен обвинител ги нема овластувањата согласно законот на СЈО и правно, ниту еден од тие нелегално снимени разговори не смее да биде понатаму доказ во постапката. Во сите предмети доколку продолжат во било кое друго јавно обвинителство, овие докази, правно треба да бидат издвоени од списите и воопшто да не се користат како докази. Ако престане СЈО да функционира, бидејки и тоа влегува во законот на Специјалното обвинотелство, тие докази треба да бидат уништени сега, објасни Миланов..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.