Според информациите кои ги добила власта, ратификацијата на Протоколот за влез на земјата во НАТО во шпанскиот Парламент се очекува да заврши следниот месец, по што нашето Собрание ратификацијата би ја завршило до крајот на следниот месец или евентуално до 11 февруари, пред да се распушти законодавиот дом.

Евентуалното одложување на ратификацијата во Шпанија ја отвора можноста да се направи условна ратификација кај нас, изјави денеска премиерот во заминување Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, која вчера излезе со иницијатива до Владата во најскоро можно време до Собранието да го достави Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор и на Пристапниот протокол за членство.

Евентуалното одложување од Шпанија, кое не верувам дека ќе се случи, ја отвора можноста да направиме условна ратификација во самиот Парламент, која би била објавена од страна на претседателот на државата, од страна на Парламентот, веднаш со ратификацијата во шпанскиот Парламент. Овде постапката и процедурата е усогласена со НАТО централата и тоа можеме да го направиме, но чесно, достоинствено и гордо да бидеме 30 земја-членка, која ќе ја направи ратификацијата. И затоа одиме сериозно и одговорно во делот на постапките без какви било политички калкукации, рече премиерот во заминување.

Тој иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ ја означи како политичка калкулација и ги праша пратениците од оваа партија каде биле кога во Собранието се носеле важните стратешки одлуки за земјата.

Не треба да бидете од некоја голема партија, може да бидете и од мала и како граѓанин да знаете дека за предлог за ратификација доставува Владата до Парламентот. Политичките партиии ова сега го користат исклучиво заради нивно калкулантство. Каде беа тие кога требаше да се донесат големите одлуки за РСМ, за да можеме да бидеме членка во НАТО. Беа повлечени надвор од сите преговарачки процеси, избегнуваа да донесат храбри одлуки стоеја над пратеницитре кои дефинитивно ги поддржаа ваквите историски одлуки во Собранието, по 27 години да ги решиме крупните проблеми за да бидеме конечно членка на НАТО, рече премиерот во заминување Заев.

Премиерот во заминување истакна дека верува оти граѓаните ќе ги препознаат овие политички калкулации.

Тој денеска заедно со заменик-министерката за образование Елизабета Наумовска одржа средба со градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски и направија увид на градежните работи за изведба на спортската сала при ООУ „Јоаким Крчовски“ во село Волково.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.