Тезите дека уставните измени би можело да се направат, по примерот во Хрватска, ВМРО-ДПМНЕ ги гледа како добро решение.Со овој модел, Македонија ќе биде држава на еден народ и на малцинствата во нејзе, објаснува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, и Димитар Ковачевски, но и Бујар Османи во неколку изјави за медиумите говореа како хрватскиот Устав е прифатлив модел, додека денес молчат. Затоа, ги повикуваме СДС и ДУИ како самопрогласени Европејци, како политички субјекти кои се залагаат за европски фронт да ги прифатат измените на уставот по примерот на земја членка на ЕУ.
Со овој модел, Македонија ќе биде држава на еден народ и на малцинствата во неа.

Имено, во уставот на Република Хрватска јасно пишува НАЦИОНАЛНИ МАЛЦИНСТВА, а во уставот на Република Македонија ДЕЛОВИ ОД НАРОД. Разликата е голема – македонскиот народ е изедначен со останатите народи кои живеат во Македонија, за разлика од националните малцинства во Хрватска.

Во Хрватска јасно пишува дека е национална држава, за разлика од Македонија која е воспоставена како граѓанска држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.