Ако половина од мадатот им помина на 26 министри само во предлагањето, одобрувањето, прифаќањето на решенија што не сме ги сонувале дека ќе ни се случат, после толку години, после 75 години самостојна и независна Македонија, сигурна сум дека остатокот од времето доколку останат на власт, а не мислам дека ќе останат, ќе им помине во исполнувањето на ветеното. А, што е тоа? Секој ден гледаме, дел по дел од нашиот идентитет се обидуваат да ни го земат.

Ова во своето обраќање во Неготино го истакна Гордана Силјановска Давкова. Таа ги потсети присутните на еден текст од нејзиниот грчки колега.

Еден мој колега во момент на искреност во Солун напиша: „Ние Грците успеавме во поновата историја да сториме нешто што никој не успеал – да го редизајнираме идентитетот на соседот, на нивните предци, но и на нивните идни генерации. Да ја смениме нивната историја, нивната култура“. Тоа е искреност од грчка страна. Но, нашиот премиер и оние околу него велат дека сме го зајакнале идентитетот, рече Силјановска Давкова додавајќи дека ако продолжи вака ќе ни се случи да шетаат по Македонија со контроли и да гледаат дали сме ги симнале, дали сме ги тргнале спомениците кои на секој чекор ги гледаме, артефактите од античкото минато.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.