Обвинетиот Сашо Мијалков редовно се јавуваше на сите рочишта, па доколку во петокот, по завршување на рочиштето, Обвинителството побараше притвор, ќе се протолкуваше како прејудицирање на пресудата, изјави синоќа шефицата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал Вилма Рускоска во емисијата 360 на телевизија Алсат.

За тоа зошто Обвинителството не побарало притвор во петокот, по завршување на рочиштето за „Таргет-Тврдина“, Рускоска  рече дека постојат две причини.

Првата е што немавме законска можност, затоа што обвинетиот Сашо Мијалков ги почитуваше превентивните мерки кои му беа определени од судот, а исто така редовно се јавуваше на сите рочишта. Втората, многу поважна, причина е тоа што, доколку во тој момент Обвинителството побараше притвор, можеше и ќе се протолкуваше како прејудицирање на пресудата, изјави Русковска.

Додека Судот не ја објави пресудата, посочи Рускоска, секој е невин.

Посочи дека во саботата после 12:30 часот на пладне, откако добила оперативна информација од нејзин личен извор дека е можно бегство на Мијалков, остварила контакт со министерот за внатрешни работи, кој ѝ рекол дека ќе ги провери сознанијата кои ги добила.

Рускоска не сакаше да шпекулира каде е пропусот, но отфрли каква било одговорност на Обвинителството. Истакна дека за неа како обвинител и како човек е страшно што бегствата се повторуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.