Идентитетските прашања никогаш и воопшто не требаше да бидат ставени на маса како нешто за што се преговара, бидејќи навистина за тоа не се преговара, нагласи професорката Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик во своето вечерашно гостување во емисијата Само вистина на Канал 5.

Според неа ако ова е вистинско решение немаше да се чека толку време, доколку требало ова да се направи ќе го направеа и претходните политичари и немаше Македонија да се измачува 30 години околу членството со Европската унија.

-Не знам зошто Македонија изгуби толку години, ако требаше ова да го направиме. Ако го направевме во 90тите години значи немаше да ги изгубиме овие три декари. Но ако беше тоа правилниот пат. Претходни политичари ако било тоа нешто што требало да го направат, ќе го направеа и немаше секако да се измачува Македонија за тоа членство во Европската унија – смета професорката.

Според неа ниту еден сојуз или унија не е вредна за ние да се откажеме од себе си. Што би биле ние без историја и без корен, запраша таа.

Но, да се влезе во Европската унија обезличен, јас мислам дека тоа е страшно, всушност ниту еден сојзу, ниту унија не е толку вредно за ние да се откажеме од себеси, бидејќи без историја, без корен што би биле, и всушност што би кажале нашите предци кои што изгубиле толку години за да се изборат за можноста за да се кажат дека се Македонции дека зборуваат македонски јазик, вели Груевска Маџоска.

Професорката воопшто не се согласува со терминот заедничка историја, односно како што сметаа таа може да има испреплетена историја, има некои други термини кои што можеби подобро би одговарале отколку заедничка историја и што точно се подразбира под тоа треба некој да објасни.

Јас лично не се согласувам со терминот заедничка историја. Значи има испреплетена историја, има некои други термини кои што можеби подобро би одговарале отколку заедничка историја и што точно се подразбира под тоа треба некој да објасни што се подразбира, дека некој период од историјата ние сме биле исто или што е тоа заедничко, Гоце Делчев е заеднички, историските личности се заеднички, што се подразбира под тоа заеднички бидејќи ние не знаеме затоа што нашите институции со години работат и имаат толку книги изнапишано и сега како ние тоа да го толкуваме, прашува таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.