На денешен ден пред точно 17 години (04.03.2001) во близина на селото Танушевци на подмолен и кукавички начин беа убиени тројца војници на АРМ. Од подметната мина на албанските терористи загинуваат двајца војници, а од снајперски оган еден војник.

Загинатите се:

– КАПЕТАН КИРЧО ДИМИТРИОВ (†33) од Виница, капетан на АРМ. Кирчо беше вљубеник од најрана младост и посветен на војската, почитуван и авторитетен старешина. Тој беше поборник за ред, дисциплина, војничко другарство и дружељубие на чесната и одговорна задача на која и ја подари младоста и ги подреди сите други обврски во животот и во семејството. Задачата го однесе на границата кај Танушевци. Зад себе ги остави сопругата Сузана и синовите Дејвид и Даниел.

– ДЕЈАН ЈАКИМОВСКИ (†25) од Куманово. Дејан со својата работливост и ангажираност самиот си го одбра професионалниот возачки предизвик и тоа во елитната безбедносна единица на АРМ Шкорпионите. Беше омилен и почитуван од другарите кои со верба влегуваа во возилата со кои управуваше насекаде па и по стрмните гранични меѓи. Беше оженет и татко на две деца.

– ТЕОДОР СТОЈАНОВСКИ (†24) од Драчево, граничар во АРМ. Неизвесноста на животот и патриотизмот беа пресудни и Теодор да се пријави и да стапи во редовите на македонските безбедносни сили, како војник по договор. Сметаше дека тоа од него и од младите го бара татковината. Бргу се вклопи во војничкиот строј на АРМ. Немаше за него задачки кои не можат да се завршат. Патролирајќи во граничните меги, од височините на Скопска Црна Гора, крај Танушевци, мислите му беа во Драчево кај неговата ќерка и семејството.

ВЕЧНА ВИ СЛАВА ХЕРОИ! МАКЕДОНИЈА И БРАНИТЕЛИТЕ НЕ ЗАБОРАВАТ!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.