Главниот уредник во телевизијата „24 вести“, новинарот Огнен Јанески, со скандалозна изјава во неговата отворена емисија. По стапките на модерната Марија Антоанета, пратеничката Мира Стојчевска, Јанески во етер му порачува на гледач дека ако нема пари за патување, нема да му треба ни пасош.
Друшке @Mira_Dizel имаш другарче по нарација.
Ако немате пари, нема да патувате, не ви треба пасош, нема да трошите пари да го извадите…
ОК! pic.twitter.com/thAFSqUtdP— небиднинче ❤ (@nebidnina) February 14, 2019
Вас не ве обврзува никој да имате пасош. Ако немате пари да патувате надвор, нема ни да имате пасош, му возврати Јанески на гледачот кој се бунеше што трошокот за замена на патните исправи по промената на името ќе падне на грбот на граѓаните.
Слична „логика“ неодамна имаше и прочуената Мира Стојчевска, според која поскашувањето на горивата нема да има ефект врз сиромашните, кои и онака немаат автомобили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.