Пациенти со висока температура, пневмонија, омалаксани, со отежнато дишење, чекаат надвор пред ГОБ „8 Септември“ на температури под нулата додека не им дојде ред да бидат прегледани.

Вака ние обичните смртници чекаме за преглед во Ковид центарот во „8 Септември“. Бидејќи во сред пандемија нема 3 смени, почнуваат со работа од 8,30 часот.  На минусни температури се молат докториве да се смилуваат да отворат врати. Патем јас со бронхопневмонија чекав три часа, пишува на социјалните мрежи пациентка која утринава чекала да земе упат за рентген.

Таа додава дека истото место чекаат и луѓе со други инфективни болести, а на истото место се чека и за вакцини.

Ако немаш упат од матичен, на пример ти се влошила состојба ноќе и немало кој да ти издаде упат, не те примаат, те брка обезбедувањето. Ова е во Ковид центарот во 8ми септември, на клиника пак да те примат е научна фантастика, додава пациентката.

Таа чекала два дена по три часа за да добие упат за ренген и не дочекала, на крај го направила приватно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.