Доколку нема датум за почеток на преговорите со Европската Унија, треба премиерот Заев и министерот Димитров во петок навечер до Собранието да поднесат оставки, изјави вечерва пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во Топ Тема.

Тој додаде дека посетата на премиерот Заев во Брисел е задоцнета и дека според него таа посета требало да се случи пред еден или два месеца, а македонската дипломатија да алармира дека Париз е клучната точка во која треба да се вложи дополнителен напор за Македонија.

Тој рече дека Макрон не изгледа на лабилен политичар како Заев за да ги менува ставовите и дека цената која ја плати Македонија е превисока, а добивката е неизвесна.

По однос на лажните вести, нема поголема лажна вест во авион да се сликате со „лајкови“ Заев, Димитров, Османи и Кочо Анѓушев 2018 година и да кажете историска одлука на ЕУ, добивме безусловен датум. Таквото однесување и таквите лажни вести создаваат анимозитет и во Брисел и во Париз. Лажењето на Заев дека сме добиле датум лани, а сега оди и вели „Не гасете ги ѕвездите, сакам да го добиеме датумот сега“ е најголемата лажна вест во историјат на Република Македонија, вели Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.