Доколку не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, следуваат предвремени избори, рече синоќа лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21

Планот Б на опозицијата во овој случај е дека секакао треба да има предвремени избори. Што друго може да бараме? И ние го побаравме тоа. Доколку Премиерот е сериозен во своите изјави, ние треба што поскоро да формираме техничка Пржинска влада, доколку не се добие датум и некаде од пролет да одиме на предвремени парламентарни избори, рече Села.

Истото го побара вчера и лидерот на Беса, Биљал Касами, кој рече дека ако државата не почне преговори со Европската унија, владата треба да даде оставка и веднаш да се распишат предвремени избори.

Ние како Беса се надеваме дека ЕУ ќе се надмине себеси и во интерес на граѓаните на Македонија што поскоро, односно пред Нова година, земјата ќе добие датум за преговори. Доколку државата не добие датум, тоа го кажа и самиот премиер, ова Влада е мртва, треба да се распишат предвремени избори, рече Касами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.