Премногу морализирате околу моронштината која постои и во најдемократските и најнапредните земји, реагира Ивор Мицковски за големиот број пријави за регистриран говор на омраза од страна на навивачките групи на градскиот плоштад и на социјалните медиуми за вчерашната прослава за Вардар.

Навијачите се однесуваат како групи алфа мажјаци, сите јаки во група, со мали куриња, кога се само стадо овци. Ако не се Албанци, ќе им пречи нешто друго, Битолчани, Охриѓани, што ја знам. Не заборавајте дека кај нас навијачи се убиваат меѓу себе по улици. Значи доста од шокирање, не вреди пет пари, постои лична одговорност и кај вакви неодговорни групи, вели Мицковски.

Но, според Мицковски треба да има полиција, дронови, камери, и да се идентификуваат агресивните поединци и сејачите на омраза.

Потоа се тупнуваат егземпларно во затвор, и чекаме да видиме дали ја научиле лекција. Значи прашање е на политичка волја и правна држава, сака ли државата да се судри со навијачките групи кои најчесто ги финансира, или не сака. Инаку луѓе кои биле на плоштад и им се спротивставиле, ги осудиле, ама тоа е докажано дека е недоволно. Треба да си држава која ги штити сите граѓани, треба да преземеш одговорност и за дебилите, тоа ти е работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.