Ако се побуните за своите права, тогаш ќе извадат од под маса закон за забрана за протестирање, и тоа не е затоа што сакаат да направат ред, туку затоа што вождот се плаши од својот народ, рече претседателот Христијан Мицкоски во обраќањето пред младите сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги потсети младите на притисоците на власта врз медиумите.

Кога ќе речат биле за слобода на медиумите, не јас,туку фактите ги демантираат. Клучот на, според нивните зборови, провладината 1 ТВ, на Независен весник, ТВ Нова, Вест, Утрински, Дневник кажува дека медиумите умираат. Исто како што се стега и независноста затоа што во еден од кабинетите на Илинденска се штанцаат и лажните вести за мене, против моите соработници, за мојата партија. Се тепаат новинари, им се закануваат, а на тоа владата молчи, а ги нема и оние советничиња на Заев кои се прават заштитници на слободата, рече Мицкоски.

Тој додаде дека лагите на власта се распрснуваат, а како поткрепа на ова ја спомена одлуката на Државната комисија за спречување корупција која донесе одлука дека нема судир на интереси во хидроцентралите на Мицкоски. Овој случај тој го нарече „хајка за мојот имот кој го стекнав пред да влезам во високата политика“.

Но сега откако  и нивната Државната комисија за спречување на корупција кажа дека се е чисто, ги нема да кажат некој збор за тоа, молчат. Но, факт е дека не сме сите исти. И колку тоа да сака да го престави така власта, треба да знаат дека честа и образот за мене немаат цена. Дури и во едни вакви услови, на апсолутна власт на СДСМ, со се што видовме овие три години, притисоци, монтажи, рекети, не успеаја да контруираат случај против мене. Но, за жал, неуспешно. Очекувам најмалку барем да се извинат за клеветите кои ги изрекоа против мене и моето семејство, но поважно е да сфатат дека не сме сите исти, и дека во политика може да има и чесност, принципи и чест, додаде Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.