Ако не добиеме датум следната недела, одговорноста ќе биде само кај владата на премиерот Зоран Заев и посебно поради Законот за јавно обвинителство и случајот „Рекет“, рече денеска Христијан Мицкоски при посетата на скопската општина Карпош. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека не верува дека земјава ќе добие датум за отпочнување на преговори со Европската Унија.

Датумот ќе биде исклучително условен, а според вестите што ги имам, можно е таков датум и да нема. Зошто не е доволно националното понижување што го направија. Нашите партнери гледаат дека во нашава земја владее арамилакот, пустошот. Токму од тие причини, датумот не само што може да биде условен, туку и одложен за други времињ“, изјави Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.