Одговарајќи на пратенички прашања, Зоран Заев рече дека сè си мисли дека Сашо Мијалков се криел во Белата палата, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски коментира дека премиерот не сфаќа дека со својата посебна смисла за хумор самиот себе си прави белји.

Има посебна смисла за хумор Зоран Заев ама не сфаќа дека така си прави на самиот себе белји и проблеми. Зошто? Затоа што ако е така и ако ја имал таа информација, значи дека е соучесник во бегството и помагател. Денеска за тоа треба да го уапсат, рече Мицкоски во гостување во „Радио Лидер“.

Мицкоски додаде дека ги охрабрува институциите веднаш да го приведат и да го распрашаат, да видат од каде Заев ја има таа информација и зошто не ја споделил таа информација со надлежните институции.

Вака излегува дека и Заев е виновен. Мислам дека денеска ако не постапи МВР на Спасовски или обвинителството на Јовевски и Русковска, или пак судството брендирано како Кацарска судство или во случајот Џорлев, тогаш тие исто така се соучесници во сета оваа шарана, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.