Во денешното соопштение до јавноста ВМРО-ДПМНЕ повторно прашува што барале Шекеринска, Филипче, Кирацовски, Ременски и пола влада во домот на Боки 13, местото од каде што се договарал и реализирал милионскиот рекет, каде завршила торбата Луј Витон со еден и пол милион евра и каде завршиле други изрекетирани пари, преку 20 милиони евра.

Заев молчи за случајот Рекет и очекува целиот политичко-обвинителско-медиумски криминал да се покрие со пресуди од по десетина години затвор за неколкумината обвинети. Заев се надева дека така јавноста ќе заборави за неговата улога во рекетирањето и поддршката што постојано тој и неговите највисоки функционери им ја даваа на Боки, Катица, Ременски и останатите обвинети.

Како неодговорени во соопштеноето се наведени и следниве прашања:

Каде е официјалниот записник или белешка од наводното пријавување на рекетот за кое говори Заев, или можеби тој е изворот од влада кој што го известил Боки 13 дека е откриена мрежата за рекетирање?

Зошто Заев до излегувањето на материјалите за Рекет во странски медиум упорно ја бранеше Катица Јанева, па дури и бараше нејзин реизбор?

Што содржат писмата на Катица Јанева до ОЈО, а за кои известуваа медиумите во кои се споменувале компромитирачки материјали за актуелните функционери од власта?

Има ли и што содржи УСБ-стикот кое во судството е заведено под број НСКРО74/17, а за кое јавноста вели дека во него има сериозни индиции за криминал?

Зошто министерот за надворешни работи Никола Димитров не го пријавил рекетот, иако бил известен од амбасадорот на Латвија дека бизнисмен од Македонија и латвиски конзул бил рекетиран?

Како тоа пола Влада и СДСМ соработувала со Боки 13 и никој не пријавил нешто сомнително или можеби тие биле директно вмешани во изнудувањето, броењето и поделбата на милионските суми изрекетирани пари?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.