Ако има заедничка историја, тоа е еден народ: Заев кажува имаме македонски јазик и народ, но корените се бугарски

Македонија 23.11.2020 / 19:32
(фото: Влада на РМ)

Никоски додаде дека тука е и договорот со Грција со кој Македонци го загубија македонизмот.

„Ова што го прави Бугарија е спротивно на меѓународно право, на сите меѓународни правила, процедури итн“, нагласи Никоски.

Никоски посочи дека досегашното искуство од оваа власт е дека тие се подготвени на се за да си ги постигнат своите цели.

„Оваа власт е донесена од страна на странскиот фактор за да испорача. Тие испорачаа веќе многу прво со Преспанскиот па и со Бугарскиот договор. Последната изјава на Заев покажуваат дека тие признаваат македонскиот јазик и народ, но корените се бугарски“, истакна Никоски.

Никоски рече дека тој нема оптимизам дека Македонија ќе издржи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.