Доколку и ова лето има големи пожари можеме само да се помолиме на господ да ни прати дожд. Власта не ја научи лекцијата од лани кога беснееја пожари и кога моравме да викаме помош од неколку земји кои дојдоа со опремени пожарникари, авиони и хеликоптери.

Оваа година сезоната на пожари ја дочекуваме целосно неподговени. Од трите авиони наречени „Ер трактор“ набавени од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ во функција е само еден. Останатите два се расипани.

Поранешниот премиер Зоран Заев лани во август кога имаше големи пожари во Кочани и Берово вети дека тие ќе бидат сервисирани за десет дена“.Оттогаш помина една година но авионите не се поправени.

Тоа го потврди и директорот на Центарот за управување за кризи Стојанче Ангелов кој вели дека први се што е во негова моќ да бидат подготвени доколку има пожари.

-Премиерот Заев даде наредба но состојбата беше толку компикувана што авионите и до ден денеска не се направени.Еден е вратен сервисиран, вториот е на сервис и треба да се врати во секој момент а третиот се уште не е испратен-објасни Ангелов во емисијата „Заспиј ако можеш“ на „Алфа“.

За волја на вистината Ангелов и ЦУК не се надлежни за авионите туку тоа е надлежност на Дирекцијата за зашитита и спасување која една година не направи напор колку толку да бидеме подготвени за претстојните пожари.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.