Поранешниот в.д. директор на Драмски театар сашо Тасевски реагира на индолентноста на македонските власти на ултиматумот што го поставуваат Бугарите во врска со потеклото на Гоце Делчев.

Ако ги попишете Гоце, Јане, Даме, Ѓорче, Климент, Наум, како Бугари, ќе мора да ги преименувате сите топоними и имиња на школи, булевари, универзитети, кои ги носат нивните имиња. А бе химната ќе мора да ја смените. Нема веќе оној стих Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев… Ќе мора да го пееме со тралала… Делчево нема да може да се вика така, ако му остане името ќе биде бугарски град. На населбата Даме Груев, ќе мора да и го вратите старото име Гологузица. Сите споменици со овие дејци ќе мора да ги отстраните, зашто нема да бидат наши. Ако не ги смените имињата, ако останат исти, а тие важни личности ги попишете како Бугари, ќе потпишете и дека Македонија е бугарска покраина. Дали сфаќате колку сте имбецилни?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.